Фото: Pexels / Oleksandr P

Вреди да се проба: Најдобар природен трик за намалување на нивото на стрес

Начинот на кој се справуваме со стресот варира од личност до личност. Некои луѓе се капат во топла када или седат во сауна, додека други вежбаат или земаат лекови.

Сепак, стресот може да нè погоди во најнеочекуваните моменти кога нашите вообичаени методи не се погодни или достапни.

Eксперт тврди дека постои еден природен трик кој можете да го направите во секое време и на секое место за веднаш да го намалите нивото на стрес.

Риса Шепард, инструкторка за пилатес и креатор на „Шепард методот“, објаснува како преземањето контрола над дишењето е клучот за намалување на нивото на стрес.

„Еднаш и дадов инструкции на позната личност на дневна телевизиска емисија пред многу години. Извикав: ‘Диши!’ Тој се сврте кон мене и ми рече: ‘Ох, дишењето е неопходно во сите делови од животот’. Се смеевме заедно со публиката, но тој ја кажуваше вистината“, вели таа.

Таа тврди дека има многу истражувања за поддршка на придобивките од дишењето.

„Студиите покажаа дека само дишењето, она што го правиме без да размислуваме за тоа, го намалува стресот, ни дава фокус и помага не само со вежбање, туку и со многу други работи“, објаснува Шепард.

Ако сте вознемирени, не посегнувајте по лекови за смирување. Наместо тоа, пробајте на природен начин да си помогнете. Застанете и вдишете длабоко за да го смирите вашиот нервен систем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот