Фото: EPA-EFE / Greg Nash / POOL

Вработените во „Венити Фер“ се закануват со отказ доколку Меланија Трамп се најде на насловната страница на списанието

Новиот уредник на „Венити Фер“ (Vanity Fair) Марк Гвидучи, наводно сака првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп, да биде на насловната страница на списанието, што предизвика негодување кај некои вработени, објавуваЊујорк Пост“. Уредниците наводно рекле дека ќе поднесат оставка ако тоа се случи.

„Ќе излезам низ таа проклета врата, а половина од мојот персонал ќе ме следи“, изјавил еден уредник за „Дејли Мејл“, кој побарал да остане анонимен.

Други вработени ги отфрлаат тврдењата за масовен егзодус, нагласувајќи дека одлуката е на Гвидучи и дека повеќето нема да дадат отказ поради една сторија и насловната страница.

Меланија Трамп претходно изјави дека нема интерес да се појавува на насловните страници на престижни списанија, нагласувајќи дека постојат поважни приоритети од вниманието на медиумите.

„Видете, јас сум била на насловната страница на списанија – на насловната страница на „Вог“ на насловната страница на многу списанија претходно … Имаме толку многу други поважни работи да правиме отколку да бидеме на насловната страница на кое било списание. Не мислам дека животот на никого ќе се промени ако е на насловна страница“, изјави Меланија за „Фокс Њуз“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот