Фото: Општина Центар

Вработените во Општина Центар се обучуваа за ракување со противпожарни апарати

По повод 28 Април, Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, вработените во Општина Центар се обучуваа за ракување со противпожарни апарати.

Едукацијата за безбедносни процедури и правилно ракување со противпожарна опрема е од суштинско значење за безбедноста на секоја институција. Со знаење и навремена реакција спасуваме човечки животи и ја подигаме свеста на секој поединец, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Обуката опфати теоретски и практичен дел, вклучувајќи основи на превенција од пожари, запознавање со различни типови противпожарна опрема и правилна употреба на апаратите за гасење на пожари. Преку симулации и вежби, учесниците стекнаа практични вештини за навремено дејствување при појава на пожар.

Обуката ја спроведе лиценцирана фирма за сервисирање на противпожарни апарати ,,Пламстоп”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот