Вработените на Токсикологија ја обвинуваат дека В.Д. директорката дека го зголемила долгот и дека не ја осигурала клиниката

Клиника за токсикологија и ургентна интерна медицина
Клиника за токсикологија и ургентна интерна медицина / Фото: Архива на „Слободен печат“

„Клиниката нема спроведено постапка за осигурување на имот, осигурување на скапата медицинска опрема и осигурување од лекарска грешка, бидејќи в.д директорката не сака да потпише, затоа што не е прифатен нејзиниот брокер за осигурување и моментално клиниката два месеци не е осигурана иако за тоа сме со закон обврзани“, стои во реакцијата на вработените на Токсикологија

Со назначување на в.д. организациски директор Бесија Иљази на Клиника за токсикологија, на само еден ден пред формирањето на техничката Влада се случува деорганизација, а не организација во оваа здравствена установа, обвинуваат вработените на оваа клиника.

Во реакцијата  вработените на Клиниката за Токсикологија, кои денеска преку соопштение ја испратија до медиумите,  се посочува  дека од нејзиното назначување за помалку од два месеци долгот на клиниката се зголемил за приближно два милиони денари.

Во писмото испратено од вработените на оваа клиника се вели дека организациската директорка не ги исполнува условите за функцијата, кои како што додаваат, се пропишани со законот за директори.

Во нивната рекација пишува и дека таа на работа доаѓала во 10 часот, а си одела во 14 и 30 часот, односно како што велат на работа присуствувала по четири и пол часа.

Сакаме да ве известиме дека со назначување на В.Д организациски директор Бесија Иљази на ден пред формирање техничка влада на нашата клиника(иако не ги исполнува условите пропишани со закон за директори) се случува деорганизација, а не организација. Поточно од нејзиното назначување за помалку од два месеци долгот на клиниката го зголеми за приближно два милиони денари, со дневно работно време од 4 часа и 30 минути поточно на работа доаѓа во 10:00 часот а работното време и завршува во 14:30

Исто така клиниката нема спроведено постапка за осигурување на имот, осигурување на скапата медицинска опрема и осигурување од лекарска грешка, бидејќи в.д директорката не сака да потпише затоа што не е прифатен нејзиниот брокер за осигурување и моментално клиниката два месеци не е осигурана иако за тоа сме со закон обврзани.


Поради одбивање да потпише согласност  за договор на дело  за двајца дипломирани биолози,токсиколошката лабараторија веќе два месеци истата не врши валидација на издадените резултати

Од Вработените при ЈЗУ Клиника за Токсикологија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот