Прекин на железничкиот сообраќај во Франција/Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Возовите во Париз запреа, на шините пронајдена бомба од Втората светска војна

Возовите на неколку железнички линии во Париз се запрени, објави компанијата за управување со возови СНЦФ, откако на 2,5 километри од станицата Гаре ду Норд во предградието Сен Дени беше откриена бомба од Втората светска војна.

Бомбата била откриена рано утринава за време на извршување работи.

Како што е најавено, рутите ќе бидат обновени по операцијата за отстранување на бомбите, што не се очекува да се случи пред 10 часот (по локално време).

Прекинот влијае и на локалното метро и на националните и меѓународните возови. Еуростар објави дека се откажани три воза кои требаше да сообраќаат утринава. Откажани се и линиите TGV, RER и TER. Некои возови сообраќаат на други линии.

Гаре ду Норд е најпрометната железничка станица во Европа, со 214 милиони патници кои минуваат низ неа секоја година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот