Српска полиција/ Фото: МИА

Вознемирувачко видео: Три малолетнички брутално претепале девојче поради дечко

Три малолетни девојчиња брутално претепале девојче поради дечко во Панчево. На цела глетка има и сведоци кои додека трае тепачката се смеат. Видеото е споделено на социјални мрежи. Според извештаите, страшното насилство се случило пред Хемиското училиште во Панчево, а бруталните навреди се ужасни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SRB Journal (@srbjournal)

Како што може да се види од видеото, три девојки избезумено ја нападнале едната, наводно поради нејзиното момче, а другите деца стоеле наоколу и не правеле ништо, освен едно момче кое се обидело да ги раздели, што се гледа на крајот од видеото.

– Ова се случи вчера во Панчево во близина на Хемиското училиште. Три 16-годишни девојки претепале 15-годишно девојче поради момчето во кое била заљубена… – стои под видеото.

Корисниците на социјалните мрежи не само што беа вознемирени од самиот настан, туку и од очевидци кои воопшто не реагираа.

„Машките снимаат и се смеат како мали девојчиња“, „Што е смешно кај овие деца?“, беа само дел од коментарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот