Терористички напад во Ерусалим / Фото: Profimedia

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Се качил во автобус и почнал да пука кон патниците – терористички напад во Ерусалим

Најмалку пет луѓе се убиени, а 11 се ранети во терористички напад вo Ерусалим што се случил утрово, објави „Еерусалим пост“ и наведе дека полицијата „неутрализирала двајца терористи“.

Од ранетите, тројца имаат сериозни повреди. Според полициските информации, терористот се качил во автобусот број 62 и почнал да пука кон патниците.

Сите влезови и излези од градот се затворени и во тек е потрага за идентификување на напаѓачите, наведуваат полициските служби и повторуваат дека двајца се „неутрализирани“.

На видеото се гледаат десетици луѓе како бегаат од автобуската станица за време на утринскиот шпиц.

Болничарите кои пристигнале на местото на настанот ја опишале ситуацијата како хаотична, со скршено стакло, а ранети луѓе лежеле во несвест на патот и тротоарот во близина на автобуската станица.

Сè уште не е јасно кој бил мотивот за пукањето или кој стои зад него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот