Фото: Daily Mail / принтскрин

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Насилници убиваат седуммина во Бразил, им се смееле зашто изгубиле на билјард

Двајца насилници вооружени со огнено оружје убиле седуммина луѓе, меѓу кои и 12-годишно девојче во салон за билјард во Бразил, откако жртвите му се смееле на едниот од нив поради тоа што изгубил две партии по ред, пренесува „Дејли Мејл“.

Ужасната снимка од надзорните камери го покажува масакрот кој се случил во вторникот во градот Синоп во провинцијата Мато Гросо. Вооружените напаѓачи им наредиле на жртвите да се наредат до ѕидот, додека неговиот соучесник му донел неколку пушки од пикапот паркиран во близина. Неколку моменти подоцна, доаѓа другиот вооружен маж и двајцата почнуваат да пукаат во нивните заложници, не оставајќи им можност да избегаат. Откако ги застрелаа сите, тие пукаа во жртвите и одблиску, за да се осигураат дека се мртви.

Полицијата соопшти дека напаѓачите, идентификувани како Едгар Рикардо де Оливеира (30) и Езекиас Соуза Рибеиро (27), побегнале и сѐ уште се во бегство.

Претставникот на цивилната полиција Браулио Жункеира изјави дека истражителите ги споредуваат изјавите на сведоците и трагаат по ладнокрвните убијци. Тој објасни дека Оливеира играл билјард за пари против една од жртвите во вторникот наутро и изгубил околу 4.000 реали (околу 730 евра).

Попладнето се вратил со неговиот соучесник и побарал реванш, но повторно загубил, а на тоа се насмеале присутните. Осомничените потоа одбиле да платат и ги масакрирале луѓето.

Бразилските медиуми ја објавија и целата снимка од грозоморниот масакр, за која предупредуваме дека е вознемирувачка и може да предизвика траума кај дел од читателите:

Шест од жртвите починале на самото место, а седмата им подлегнала на раните во болница. Една жена неочекувано остана жива, а на видеото се гледа како со кренати раце вреска од страв, дури и по заминувањето на напаѓачите.

Пред да избегаат, убијците ги обиколиле масите за билјард и ги собрале парите, а застанале и да украдат торба од една од жртвите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!