Крвава пресметка во Марсеј / Фото: Принтскрин, Твитер

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Напад со нож во Марсеј: Четворица повредени, полицијата го уби напаѓачот

Тунижанец под судски надзор нападнал четири луѓе денеска во хотел во центарот на Марсеј, пред да биде убиен од полицајците на кои им се заканил, јавуваат француските медиуми.

Тројца од четворицата повредени во напад со нож во центарот на Марсеј се во критична состојба, соопштија извори за францускиот весник Ле Фигаро.

Инцидентот се случил попладнево, по кавга за неплатена кирија. Осомничениот нападнал четири лица, меѓу кои менаџер на хотелот и еден гостин, пред да излезе на улица и да им се закани на полицајците.

Полицајците најпрво се обиделе да го совладаат со шок-пиштол, но потоа бил застрелан откако продолжил да се заканува, додека рецитирал сура од Куранот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!