ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО I Алберт Красниќи им ги скрши срцата на овие три мајки: Адвокатот на таткото тврди дека убиството на Алберт било случајно

Адвокатот на Скендер Красниќи, Рамиз Красниќи рече дека комуницирал со осомничениот и дека изјавил дека случајно го убил неговиот син Алберт Красниќи.

Адвокатот тврди дека тоа може да го потврдат камерите лоцирани во зградата во приштинската населба Матичан каде што се случи убиството.

„Комуницирав со Скендер од првиот момент и сè што рече е дека го извршил убиството случајно, во таа зграда има камери, доколку тие камери беа функционални, убеден сум дека заштитата на Скендер ќе биде потврдена“, рече тој.

Тој понатаму за косовските медиуми додаде дека има многу причини зошто злосторството убиство било ненамерно.

„Тие беа заедно до 12 часот. Тие биле татко и син, нивните односи биле подлабоки и многу пријателски. Значи, од овие и од други причини, ќе видиме дека немаме ништо со намера да го извршиме ова кривично дело“, рече адвокатот Красниќи.

Судот, денес на Скендер му одреди едномесечен притвор.

„Денес ситуација на рочиштето беше многу сериозна, кога судијата го праша Скендер колку деца имате. Неговиот одговор беше плач“, рече адвокатот.

Мајката на познатиот менаџер скршена од болка вчера се онесвести за време на погребот на кој присуствуваа стотици луѓе.

Со Алберт, иако пред неколку дена објавија дека се разведуваат, за последен пат со солзи во очите се поздрави и неговата сопруга и поранешна Мис на Косово, Беса Гаши. И  таа тешко ја поднесе загубата на таткото на нејзината малолетна ќерка, иако една од причините за нивната разделба беше неговиот брутален однос кон неа.

Пред да се случи фаталниот момент кога таткото Скендер го застрела својот син во градите, косовската полиција трагаше по Алберт по обвинение за семејно насилство.

Дојдете, го убив син ми: Бизнисмен и поранешен менаџер на познатите рапери „Бабастарс“ е убиен во Приштина

Алберт неколку пати имаше проблем со законот. По престрелката која се случи во центарот на Приштина во 2016 година во која беше повреден раперот од Албанија, Ноизи судот бргу пресуди.

Ноизи иако беше ранет доби казна од две илјади евра, а Алберт Красниќи беше осуден на 6 месеци затвор со можност казната да ја плати.

И двајцата се смирија во 2018 година.

ВИДЕО I По убиството кое косовската јавност ја остави во шок стотици луѓе, естрадни уметници и политичари се збогуваа со Алберт Красниќи: На погребот неговата мајка се онесвести

Но, има уште една мајка, која не е член на семејството Красниќи, а чие срце е скршено. Алберт беше осуден на 9 години затвор за убиството на нејзиниот син.

Во 2004 година во Грачаница Алберт Красниќи со автоматска пушка пукал во правец на кафеана каде што имало неколку лица при што студентот по медицина, Димитрије Поповиќ беше убиен.

Поповиќ беше погоден во задниот дел од главата, а истрагата спроведена од припадници на полицијата и КФОР.

Неговата мајка тогаш за медиумите изјави дека имала лошо претчувство.

„Се чувствував толку лошо, му реков, не знам дали да одиш Димитрије. Тој не беше проблематичен, никогаш не правеше проблеми, па во некој страв си дозволив да го пуштам. На крајот, реков добро, како што сакаш.“ 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот