Српска полиција

Возач „шампион“ во Србија – без дозвола возел нерегистриран „Форд“ со 4 промили алкохол во крвта

Српската сообраќајна полиција во северниот град Суботица запрела 56-годишен возач кој управувал „Форд“ на кој му била истечена регистрацијата, без возачка дозвола (која му била одземена поради казнени бодови) и со 4,07 промили алкохол во крвта, јавуваат локалните медиуми.

Според српскиот закон, трите прекршоци спаѓаат во „насилничко возење“, а само за степенот на алкохолизираност на возачот е предвидена казна затвор од 60 до 90 дена.

Покрај овој возач, вчеравечер кај Суботица е казнет и друг сообраќаен „шампион“ – 52-годишен жител на градот кој возел велосипед со 2.9 промили алкохол во крвта, при што удрил во камион и е полесно повреден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот