Фото: EPA/LARRY W. SMITH

Ворен Бафет со клучни совети за родителите

Покрај неговата финансиска моќ, Ворен Бафет е познат и по своите едноставни, но моќни совети за родителство. Еден од нив, издвоен од невропсихологот Вилијам Стиксруд, е клучен за воспитување успешни и независни деца.

Според Стиксруд, коавтор на „The Self-Driven Child“, родителите треба да ги охрабрат своите деца да чувствуваат дека имаат контрола врз сопствениот живот. Ова, тврди тој, е златното правило на Бафет. Свеста за лична контрола е моќен мотиватор и го намалува стресот, што им помага на децата да развијат отпорност и внатрешна мотивација за успех- пренесува Каматица.

„Најуспешните луѓе чувствуваат дека се креатори на своите животи“, истакнува Стиксруд.

Мозокот доживува интензивен стрес кога се чувствува дека нема контрола, а долгорочниот стрес негативно влијае на сонот, расположението, учењето и донесувањето одлуки. Од друга страна, кога децата веруваат дека имаат влијание врз нивните животи, тие се чувствуваат посмирени, помотивирани и полесно решаваат предизвици.

Стиксруд им советува на родителите да ја преземат улогата на советник, а не на шеф или микроменаџер. Ова значи дека на децата треба да им се даде поддршка и водство, но да им се дозволи сами да донесуваат одлуки и да учат од сопствените грешки, се разбира, во безбедни граници.

„Ако сакате да воспитаме независно дете, треба да бидете негов советник. Треба да бидете стабилна поддршка во неговиот живот“, заклучува Стиксруд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот