EPA-EFE/ALI HAIDER

Волкановски: Многу луѓе ме отпишаа, но јас ќе им покажам

Австралиецот со македонско потекло по подолга пауза им се враќа на УФЦ-борбите в сабота, во дуел со Диего Лопес

Помина повеќе од една година од последната борба на легендарниот ММА-борец Александар Волкановски (36), Австралиец со македонско потекло.

Тоа слободно време му даде на поранешниот шампион во перо-категорија на УФЦ доволно време за размислување, па ја прифати понудата да се соочи со Бразилецот Диего Лопес (30) на главниот настан на УФЦ 314 во Мајами в сабота, со шанса повторно да ја освои титулата во перолесна категорија на УФЦ.

– Сите ќе го сменат тонот по оваа борба, ви гарантирам. Секој има право да се сомнева во мене. Се враќам од два порази, имам 36 години. Многу луѓе велат ах, готов е. И тие имаат целосно право да го мислат тоа додека јас не ги предомислам. Така, тоа е она што планирам да го направам – вели Волкановски, како најава на мечот в сабота.

Како еден од најголемите борци во перо-категорија во историјата на УФЦ, Александар Волкановски е име со голем респект меѓу фановите.

Откако е во УФЦ, тој се етаблира како врвно име во својата категорија. И покрај поразот од Ислам Махачев и Илија Топурија во неговите последни две борби, тој сè уште се смета за еден од најдобрите борци во УФЦ денес.

Волкановски (26-4) ја имаше титулата во перо категорија од декември 2019 до февруари 2024 година, правејќи пет успешни одбрани на појасот.

Неговиот татко е Македонец, додека мајка му има грчки корени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот