„Војната со Русија може да трае децении“: Столтенберг ги повика членките на НАТО да се подготват за конфликт со Москва

Јанс Столтенберг - генералниот секретар на НАТО / Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги повика членките на Алијансата да се подготват за конфронтација со Русија што може да трае со децении и да го зајакнат својот воен потенцијал, пишува весникот „Велт“.

– НАТО не се стреми кон војна со Русија. Сепак, треба да се вооружиме за можна конфронтација која би можела да трае со децении – изјави Столтенберг.

Тој повика на зголемени и побрзи нарачки за европските одбранбени компании. Според Столтенберг, во услови на пазарна економија, на производителите на оружје им требаат потпишани договори за да можат да го зголемат производството.

– Неопходно е побрзо да се обнови и прошири нашата индустриска база за да можеме да ги зголемиме испораките во Украина и да ги надополниме нашите залихи, нагласи генералниот секретар на Алијансата.

Како што заклучи, најдобра заштита во овој момент е поддршката на Украина и инвестирањето во воениот потенцијал на НАТО.

Москва постојано предупредува дека НАТО е фокусиран на конфронтација. Русија рече дека останува отворена за дијалог со Алијансата, но на рамноправна основа и дека Западот треба да се откаже од политиката на милитаризација на Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот