Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

„Воената помош не беше заем“: Зеленски не признава долгови кон Америка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина нема да ја признае претходно одобрената американска воена помош како заеми што треба да се вратат, пренесуваат украинските медиуми.

– Ние сме благодарни за поддршката, но тоа не е заем и нема да го дозволиме ова – рече Зеленски, коментирајќи ја изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека „неговата земја е ограбена бидејќи не ја дала оваа помош како заем“.

Тој потврди дека договорот за создавање заеднички инвестициски фонд за развој и обнова на Украина со САД нема да содржи никакви долгови на Украина кон САД, а исто така вети дека ќе биде отворен во комуникацијата со јавноста за понатамошните преговори за нов формат на договорот за земјиште.

– Главните, основни работи, компромисите се зацртани во рамковниот договор, на кој бевме подготвени да одиме. Ќе се базираме на јасни работи, каде што гледаме можност за градење вистинско партнерство – рече Зеленски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот