Фото: ЈП „Водовод и канализација“

„Водовод и канализација“ не откри диви приклучоци на вода во општина Сопиште

ЈП „Водовод и канализација“ и Општина Сопиште во периодот од 21 до 23 јули, спровеле акција за откривање на диви, нелегални приклучоци и злоупотреба на вода на територија на општината. Акцијата ја спровеле контролори на јавното претпријатие, придружувани од комунални редари од Општината, во населените места Сопиште, Добри Дол и Ракотинци, каде не биле детектирани диви  приклучоци.

Во текот на акцијата беше апелирано до населението и укажано да се придржуваат до советите за рационално користење и употреба на водата. Да се избегнува полевање на поголеми површини и непотребно трошење на водата за полнење на базени, полевање градинарски култури и слично – соопштија од „Водовод и канализација“.

Од претпријатието соопштуваат дека ќе продолжат  континуирано да работат во насока на одржување на водоснабдителниот и канализацискиот систем, негова заштита од злоупотреба како и заштита на водата за пиење од злоупотреба и нерационално користење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот