Фото: Профимедиа

Водечка причина за ненадејна смрт е „прескокнување“ на срцето – тест од 30 секунди може да ви го спаси животот

Многу луѓе имаат нарушување на срцевиот ритам или аритмија, без воопшто да го сфатат тоа. Најчестиот тип е атријална фибрилација или преткоморна фибралација (треперење), која предизвикува неправилно и често невообичаено брзо чукање на срцето, пишува heartrhythmalliance.org.

Атријалната фибрилација драстично го зголемува ризикот од мозочен удар, а ако се дијагностицира, може да се лекува. Запомнете дека аритмијата може да влијае на сите возрасни групи.

Атријалната фибрилација е најчестото нарушување на срцевиот ритам кај постарите возрасни групи.

Проблемите со срцевиот ритам се многу чести состојби, кои можат да влијаат на сите возрасни групи, но АФ е најчеста кај постарите лица. Околу 10 отсто ги погодуваат луѓето во нивните 70-ти и речиси 29 отсто во нивните 80-ти години, вели д-р Ентони Чоу, кардиолог во болницата „Велингтон“, дел од „Хелткер“ во Британија.

Д-р Лобан вели дека многу состојби можат да предизвикаат проблеми со срцевиот ритам, вклучувајќи нарушувања на тироидната жлезда, инфекции и апнеа во сон. Предизвикувачите исто така може да вклучуваат стрес, кофеин, тутун, алкохол, таблети за слабеење и лекови за кашлица или настинка.
Предупредувачки знаци

Клучните знаци на предупредување, вели лекарот, се чувство на чукање или треперење во срцето или градите, вртоглавици, чувство на несвестица, отежнато дишење (недостиг на здив), непријатност во градите и чувство на преголем замор. Овие работи не значат автоматски дека станува збор за проблем со срцето, но важно е да ги проверите сите симптоми.

Сите не ги доживуваат овие симптоми и, во некои случаи, пациентите може да не чувствуваат никакви симптоми, предупредија лекарите.

Како да се измери пулсот?

Постојат многу начини на кои може да се измери срцевиот ритам, обично со помош на ЕКГ (електрокардиограм). Можете и сами да си го проверите пулсот дома.

Најлесен начин да откриете аритмија е да го почувствувате пулсот на допир, а со тоа и срцевиот ритам – дали е неправилен, пребрз или премногу бавен? Толку едноставна работа, како што е проверка на вашиот пулс за 30 секунди, може буквално да ви го спаси животот, објаснува д-р Лобан.

Според него, треба да обрнете внимание на сите стимуланси што сте ги земале, какви што се кофеинот или никотинот и да знаете дека сето тоа ќе влијае врз брзината на пулсот. Ќе ви треба часовник што мери секунди или тајмер што можете да го вклучите на вашиот мобилен телефон.

Држете ја левата или десната рака испружена со дланката свртена нагоре и благо свиткана во лакотот. Со другата рака, ставете ги показалецот и средниот прст на зглобот во близина на основата на палецот, помеѓу коската и тетивата на палецот за да го пронајдете пулсот.

Откако ќе го пронајдете пулсот, одржувајте цврст притисок и бројте ги отчукувањата 30 секунди, а потоа помножете со два за да го добиете пулсот во отчукувања во минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!