
Во Зоолошката градина има туберкулоза, затоа умираат животните, тврди Кирков
Советникот во Град Скопје Стефан Кирков тврди дека во Зоолошката градина постои туберкулоза и дека тоа е причината за смртта и на европскиот бизон.
Препорачано
Неодамна починаа Лами за кои се установи дека биле заболени од туберколуза, исто така пред неколку дена почина и младо мајмунче од видот Гибон за кое исто така резултатите на туберкулоза беа позитивни и тоа е причината за неговата смрт, вели Кирков во објава на Фејсбук.
„За трагедијата да биде уште поголема пред десетина дена почина и бизонот за кој денес добив официјални резултати дека истиот бил болен од туберкулоза, ноазен тип за кој ако малку се информираме ќе видиме дека е пренослив од животно на животно и од човек на човек.Резултатите се добиени од патолошките наоди на погинатите животни од Ветеринарниот факултет, Ветеринарниот институт и од Агенцијата за храна и ветерина.
Информациите кој ги добивам од Зоолошката внатре и од вработените е повеќе од аларматна, ЗОО Скопје е контаминирано подрачје од оваа болест, се сомневаме дека цели реони се зафатени, вработените се оставени сами на себе без никаква соодветна на ваков тип на епидемија, подложени се на мобинг за да молчат за се што се случува внатре, додека дневно гледаме дека има стотици посетители кој поминуваат низ живеалиштата каде починаа овие животни!“ пишува Кирков.
Тој го обвини менаџментот на Зоолошката градина дека молчи, нагласувајќи дека ова што се случува во оваа установа е загрозување и општа опасност по вработените, посетителите и животните.
Кирков ги повика државните институции веднаш да направат вонреден инспекциски надзор и да постапат согласно протоколите кој ги налага ЕАЗА и Светската здравсгвена организација. Итна проверка на сите вработени и земање брисеви од сите животни и живеалишта, доколку е потребно и времено затворање на оваа установа се додека не се процени дека е безбедна.
„Менаџментот Попов и Стаменов молчат, ги нема на работнното место, ги нема на седниците на Совет, ги нема да одговорат за цел овој хорор кој се случува во нашата Зоолошка. Заедно со мојата советничка група од ВМРО –ДПМНЕ планираме да поднесеме и кривична пријава против гореспоменатите за секое едно животно и за се што овие луѓе и направија на најстарата зоолошка градина во Европа која догодина ќе прави 100 години од своето постоење, установа која беше и треба да биде лицето на нашиот град!
Според информациите од јавен карактер кој ги побарав од ЗОО Скопје и ги добив, за само три години починаа повеќе од 50 животни , а до сега не видовме никаква одговорност, истрага или било што од менаџментот кој е заслужен за тоа со презимиња Попов и Стаменов“ додава Кирков.
Тој тврди дека во зоолошката имало колење на коњи, труење на коњи, труење на волци, труење на бербески овци, угинати животни од пневмонија, угинати животни од бактерии, салмонела од расипана исхрана, угинати животни од непознати причини и дека сето тоа ќе биде представено во правна постапка против менаџментот за што ќе има одговорност.
ЗОО Скопје: Викендов угина лама болна од туберкулоза, болест за која нема лек