Фото: Принтскрин

ВО ЖИВО: „Ројтерс“ ја следи флотилата со хуманитарна помош за Палестинците – бродовите се доближуваат до Газа

„Ројтерс“ денеска емитува во живо видеа од бродовите на коалицијата „Фридом флотила“, кои пловат кон Газа со хуманитарна помош. Камерите се поставени на палубите, во трпезариите и низ коридорите, па гледачите можат во реално време да ја следат акцијата.

Од ноќни сцени со бранови и светла, до активисти кои седат на разговор, снимките го покажуваат обидот да се пробие блокадата и да се достави помош до Газа.

На едниот пренос во живо се гледа погледот од бродските камери на хуманитарната флотија „Сумуд“ додека плови кон Газа.

На другата снимка има поглед од девет бродски камери на хуманитарната флотила на коалицијата „Фридом флотила“ додека плови кон Газа.

Инаку, глобалната флотила „Сумуд“, која се обидуваше да ја пробие израелската блокада на Газа, вчера беше пресретната од израелската армија, а меѓу задржаните е и шведската климатска активистка Грета Тунберг. Министерството за надворешни работи на Израел соопшти дека таа и нејзините придружници се префрлени во израелско пристаништ

Инаку, меѓу активистите на хуманитарната флотила, која вчера беше пресретната од израелската војска на пат кон Газа, е и студентот од Србија, Огњен Марковиќ, потврдија неговите колеги од Факултетот за драмски уметности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот