тетово пожар модуларна ковид болница 15
Тетово, 9 септември 2021 / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

ВО ЖИВО: Протест во Тетово за пожарот во модуларната болница

Пред Основниот суд во Тетово се одржува протест за правда и лоцирање на одговорноста за пожарот во модуларната болница во која пред две години изгореа 14 лица.

Не се наведува кој е организатор на протестот, но најавата за истиот ја споделуваат невладини организации и граѓани.

Инаку протестот следи по истражувањето на ИРЛ емитувано на МРТВ со наслов „Убиство во Тетово“.

Истражувањето на ИРЛ меѓу другото открива пропусти во тендерската спецификација на Министерството за здравство, со кое не биле запазени безбедносните аспекти. Материјалите што биле вградени биле лесно запаливи, се вели во документарецот.

Во истражувањето беше обелоденет и извештајот на германското вештачење, кое ги лоцира причините за брзото ширење на пожарот што придонесе да има голем број на жртви.

Обвинителството пред неколку недели влегло во Министерството за здравство да бара дополнителни документи за модуларните објекти

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот