Во водите на Црвено море нападнат саудиски танкер со нафта

Компанијата за глобална поморска безбедност „Драјад Глобал” е  инфомирана дека саудискиот  танкер со нафта „НЦЦ Дамам”, бил нападнат во водите на Црвеното Море.

Компанијата забележува дека ваквите извештаи се уште не се потврдени, а дека нападот наводно се случил во близина на саудиското пристаниште Јанбу.

Саудиските власти досега не ја потврдија информацијата за нападот, но британската организација за поморска трговија (УКМТО) соопшти дека е информирана за инцидент што се случил во Црвеното море, приближно на две наутички милји од пристаништето Јанбу, пренесуваат британските медиуми.

Воена коалиција предводена од Саудиска Арабија, која се бори против проиранските бунтовници од племето Хути во Јемен, во минатото лажираа обиди за напади што, наводно, ги вршеле бунтовнички бродови со активирани експлозивни полнења, наведуваат британските медиуми. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот