Фото: Screenshot/FK Crvena Zvezda

Во вакви моменти ривалството се заборава: Звезда ќе донира пари за лекување на навивач на Партизан

Иако се ривали на теренот, фудбалерите на Црвена звезда покажаа дека човечноста треба да биде над се. По големото дерби со Партизан, актуелниот српски шампион направи потег достоен за секоја почит, донираа 100.000 евра за лекување на Виктор Милетиќ, долгогодишен навивач на Партизан кој боледува од церебрална парализа и агресивен облик на рак.

Милетиќ треба да отпатува за Хјустон, каде што го очекува специјализирана терапија што дава надеж за подобрување на неговата здравствена состојба.

Но, тука не застанува хуманата мисија на „црвено-белите“. Покрај поддршката за Виктор, фудбалерите ќе донираат дополнителни 100.000 евра за лекување на уште четири лица кои се соочуваат со сериозни здравствени предизвици.</p

Гестот на Звезда уште еднаш потсетува дека солидарноста и човечноста треба да сее посилни од секое спортско ривалство.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот