фото: EPA-EFE

ВИДЕО: Во Турција се урна зграда, најмалку петмина заробени под урнатините

Најмалку пет лица останаа затрупани под урнатините кога денеска се урна четирикатница во Турција, соопштија турските власти.

Се уште не е позната причината за уривањето на зградата во градот Коња, кој се наоѓа на околу 260 километри југоисточно од главниот град Анкара, пренесе АП.

Две лица се извлечени од урнатините со повреди, јави приватната новинска агенција ДХА.

Гувернерот на Коња, Ибрахим Акин, рече дека пет членови на едно семејство најверојатно се уште се заробени во зградата.

Тимот за одговор при итни случаи, испратен на местото на несреќата користел специјални уреди за слушање за да ги лоцира можните преживеани, додава DHA.

Пред 21 година, во Коња се урна станбена зграда од 12 ката, при што загинаа 92 лица, а околу 30 други беа повредени.

Структурните недостатоци и негрижата беа обвинети за колапсот во тоа време, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот