Фото: EPA-EFE/Roberto Bregani

Во Торино задоволни од Елмас, веќе работат на откуп на неговиот договор

Maкедонскиот репрезентативец Елиф Елмас има добар старт во Торино каде што пристигна на позајмица од Лајпциг.

Елмас веќе постигна два гола на три настапи за Торино и според информациите на „Тутоспорт“ во клубот се задоволни од прикажаното и веќе започнале преговори со Лајпциг за откуп на неговиот договор.

Торино во договорот за позајмица има право да го откупи Елмас за 17 милиони евра, а контактите помеѓу двата клуба на оваа тема веќе биле остварени.

Исто така се наведува дека Елмас е задоволен од градот и клубот и сака да остане во Италија каде што претходно го носеше дресот на Наполи.

ВИДЕО | Елмас го постигна и вториот гол за Торино во Серија А

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот