казино
Фото: Unsplash

Во Тетово секогаш и секаде се плаќа со евра, а полицијата казни само млада касиерка во казино

25-годишна тетовчанка, која работи како касиерка во казино во градот, е казнета поради тоа што во нејзината каса биле пронајдени евра, соопшти МВР. Ова се случило во Тетово, каде во речиси сите продавници (со исклучок на маркетите од големите синџири), бутици, кафеани, бензински пумпи редовно се наплаќа во евра, посебно во летните месеци.

За кривичното дело кое ѝ се става на товар на девојката по „акциската контрола“ во таа една коцкарница за која јавува полицијата, предвидена е затворска казна од шест месеци до пет години.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице – друштво за трговија, обложување и приредување на игри на среќа од Тетово и против Д.С.(25), вработена како касиер во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволена наплата или исплата во ефективни странски пари“ од Законот за девизно работење. На 23/24.04.2025 извршена е акциска контрола во пријавеното правно лице, каде била затекната пријавената Д.С., при што во касата биле пронајдени и одземени девизни парични средства, при што пријавените постапиле спротивно на Законот за девизно работење со недозволена наплата или исплата во ефективни странски пари“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот