Во тек е „внатрешна лесна катарза“ во ВМРО-ДПМНЕ, вели Мицкоски

Фото: Канал 5/принтскрин

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување на телевизијата Канал 5 рече дека партијата има неколку начини како да стигнат до предвремени избори. Тој вели дека во моментов во ВМРО-ДПМНЕ се случува „внатрешна лесна катарза“.

-Не би се сложил дека сме далеку од 61 пратеник за предвремени избори. На лист хартија ние имавте 61 пратеник тогаш, но поради одредени политички гимнастики тој ден се случи тоа што се случи. Да власта бојкотира седница на Собранието, тоа е невидено во светот. Можеби немаа доверба меѓу други, па некој од мнозинството да крене рака и 61 да стане и повеќе. Ајде времето да покаже. Нека останат во салата и да се гласа, тогаш ќе имавме можност да се видат бројките. Треба да му се даде шанса на процесот. Ние можеме да продолжиме на овој начин да ги тормозиме граѓаните. Но, ние повикавме на една граѓанска мобилизација. Во тек е внатрешна лесна катарза во ВМРО-ДПМНЕ, после локалните избори. Има одредени кадровски промени и цениме тоа е добро, здраво. Има неколку начини како до предвремени избори, ја разработуваме стратегијата, рече Мицкоски.

Мицкоски повика на „народен отпор за промена на власта“, од која според него во државата постои огромно незадоволство.

„Ние повикавме на еден општ фронт, општествена поддршка, мобилизација на граѓаните, во тек се внатрешна лесна катарза во ВМРО-ДПМНЕ после локалните избори, определени би рекол кадровски поместувања, најпрво во Извршниот комитет, сега во другите органи на партијата ќе има во Општинските комитети, и цениме дека тоа е добро и здраво и покрај тоа што имавме историски резултати и во првиот и во вториот круг, добро е онаму каде што треба да има освежување да има освежување, онаму каде што има слаби резултати да се менува нештото, затоа што потребно е континуирано да се подобруваме“, рече Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот