Денари
Денари / Фото: МИА

Во тек е исплатата на социјална и детска заштита

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец ноември, информираат од Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Со исплатата се опфатени правата од социјална заштита:

-Гарантирана минимална помош;

-Додаток за домување;

-Траен надоместок;

-Еднократна парична помош;

-Право на социјална сигурност за старите лица-социјална пензија;

-Парична помош за азиланти-домување и

-Цивилна инвалиднина.

Исплатата е во тек и за правата од детски заштита:

-Гарантиран детски додаток;

-Посебен додаток,

-Родителски додаток за трето дете,

-Родителски додаток за четврто дете,

-Единствен родителски додаток,

-Паричен надоместок за образование-студирање и

-Еднократна парична помош за новороденче.

„Министерството за социјална политика, демографија и млади дополнително ќе ја извести јавноста за датумот на исплата на преостанатите права од социјална заштита (надоместок за помош и нега од друго лице; надоместок заради попреченост; надоместок за сместување во згрижувачко семејство), која ќе биде реализирана во текот на месецов.Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство заклучно со 05 декември 2024 година“, велат оттаму.

Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата се спроведува во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

– 05.12.2024– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;

– 06.12.2024– М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!