Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Во среда со часови ќе нема струја во повеќе делови од Аеродром и Ѓорче Петров

Повеќе делови од скопската општина Аеродром во среда ќе бидат без струја, а прекините ќе траат од четири до седум часа, информираат надлежните.

„На ден 08.10.2025 (среда) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08:10 до 15:00 часот, корисниците на дел од ул.с. Долно Лисиче (општина Аеродром); во периодот од 08:10 до 15:00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт; во периодот од 08:10 до 12:00 часот, корисниците од улица „Божидар Рајковиќ“ (општина Аеродром); во периодот од 08:10 до 12.00 часот дел од ул. „Горноврановска“ (општина Аеродром) и во периодот од 08.10 до 12.00 часот дел од ул. Горно Лисиче (општина Аеродром)“, се наведува во соопштението на РЦУК.

Во општина Ѓорче Петров, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци и Веле Марков ќе останат без струја од 9:00 до 16:00 часот.

Од ЕВН апелираат граѓаните навремено да ги завршат своите обврски и да се прилагодат на најавените прекини поради планирани технички активности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот