Броила за струја / фото: МИА

Во среда ќе нема струја во две скопски населби, бидете подготвени

На 23 јули (среда), делови од две скопски населби ќе бидат без струја неколку часа поради планирани технички зафати од страна на екипите на Електродистрибуција.

Според најавите, без струја ќе бидат дел од потрошувачите на улицата „Бриселска“ во Општина Карпош, и тоа од 9 до 15 часот.

Исто така, струја ќе немаат и дел од корисниците на улиците „Студеничанска“, „Драчевска“, како реонот спроти улицата „Јустинијан I“, од 9:35 до 12 часот.

Надлежните апелираат граѓаните да ги планираат своите обврски навреме и да внимаваат на електричните уреди за време на прекинот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот