Фото: принтскрин

Во Сплит неоусташи скандираа „За дом спремни“ и го славеа „Денот на НДХ“, двајца се веднаш обвинети

Почитувачи на усташите и фашистичката држава НДХ на Анте Павелиќ вчера, облечени во црни кошули, маршираа низ улиците на вториот по големина хрватски град – Сплит, а на собирот, организиран по повод „Денот на независната држава Хрватска“ и формирањето на воен одред, им се придружија околу 200 граѓани, јавуваат регионалните медиуми.

Покрај споменикот на загинатите припадници на ХОС, тие го одбележаа и основањето на баталјонот на хрватските вооружени сили „Рафаел Витез Бобан“, притоа извикувајќи го усташкиот поздрав „За дом спремни“. Порачаа дека нема да се откажат, иако се најавени казни од дури 4.000 евра.

Пензионираниот мајор на хрватската војска, Миќа Ќук, изјави дека поздравот „За дом спремни“ „им пречи на непријателите на Хрватска и на навивачите на црвената ѕвезда-петокрака“.

Сплитската полиција денеска соопшти дека е поднесена кривична пријава против двајца организатори на собирот, откако врз основа на истрагата е утврдено дека на тој собир имало „нарушување на јавниот ред и мир со испраќање пораки и извици со недолична содржина на јавно место“.

„Врз основа на утврдената фактичка состојба, против две лица ќе биде поднесен обвинителен акт поради сомнение дека го прекршиле член 5 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир“, соопшти сплитската полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!