Магла и загадување во Скопје / Фото: Слободен печат - Методи Здравев
Магла и загадување во Скопје / Фото: Слободен печат - Методи Здравев

Во Словенија се дише многу загаден воздух, полошо е само во Романија!

Словенија е меѓу земјите од Европската Унија со најлош квалитет на воздух. Клучната причина за ова е греењето со дрва, а граничните вредности за честичките се надминуваат особено за време на грејната сезона. Екофондот нуди субвенции за замена на застарени печки. Во последните две години, тие кофинансираа повеќе од 22 илјади топлински пумпи. Словенија е меѓу земјите од Европската Унија со најлош квалитет на воздух, според наодите од Светскиот извештај за квалитет на воздухот за 2024 година, објавен од швајцарската компанија Ајкјуеар, пишува Н1 Словенија. Извештајот е базиран на анализа на податоците за загадувањето на воздухот со ПM2.5 собрани од повеќе од 40.000 станици за мониторинг во 8.954 градови и места во 138 земји.

Меѓу земјите од ЕУ, Словенија е втора по квалитет на воздухот, веднаш зад Романија. Според овие податоци, најчистиот воздух во ЕУ се дише во Естонија, Финска и Шведска. Гледано според глобалното рангирање, Словенија е на 68-мо место со просечна концентрација на честички од 15,2 мг/м³.

Упатствата на Светската здравствена организација (СЗО) препорачуваат просечната годишна концентрација на ПM2.5 да не надминува 5 мг/м³. На рангирањето на главните градови со најлош квалитет на воздухот, Њу Делхи во Индија е на првото место, со просечна измерена концентрација на честички од 91,8 мг/м³. Според овие податоци, најзагадени европски главни градови се Сараево (30,8 мгg/м³), Скопје (21,6 мг/м³) и Белград (17,9 мг/м³), додека меѓу главните градови на ЕУ, тоа се Букурешт (15,7 мг/м³) и Љубљана (15,6 мг/м³).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот