Фото: илустрација / МИА

Во Скопје летово настрадаа многу моторџии во судири со автомобили – вчера нови тројца завршиле во болница

Уште тројца мотоциклисти завршија во болница во Скопје, откако се судриле со автомобили – едниот имал судир со „БМВ“ вчера во населбата Бутел, соопшти МВР.

„На 04.09.2025 околу 20:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Христијан Тодоровски-Карпош“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.К.(21) од с.Љуботен, скопско и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.А.(28) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од екипа од СВР Скопје“, пишува во полицискиот билтен.

Во вториот случај, тешко се повредени возач на мопед и негова сопатничка, кои се судриле со автомобил „Сузуки“ во Ново Село.

„На 04.09.2025 во 21:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„100“ во с.Ново Село, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сузуки свифт“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(24) и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Ш.(26), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле В.Ш. и неговата сопатничка И.В.(27) од с.Волково, скопско, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот