Полагање матурски испит/Фото: МОН

Во Скопје, Битола и Штип освен во училиштата, матура ќе се полага и на универзитетите

Средните училишта од Штип веќе знаат каде матурантите ќе ја полагаат државната матура, односно во кои простории и амфитеатри на Универзитетот „Гоце Делчев“, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска која одговараше на прашање за подготовката на полагање на државната матура.

– Кампус 4 е определен за регионалниот центар и Гиманзијата и во Кампус 2 се останатите училишта. Сите училишта од Штип, кои кажале дека имале потреба од соодветен простор ќе полгаат во амфитеатрите на УГД, затоа што исто така му благодарам на ректорот за разбирањето и на деканите се разбира за разбирањето на оваа потреба – истакна Јаневска.

Министерката за образование и наука додаде дека во моментов се обезбедуваат условите за полагање, бидејќи меѓу матурантите треба да има растојание од метар и половина.

– Во Штип, Битола и во Скопје ќе ги користиме универзитетите. Материјалите се во подготовка, мобилни телефони нема да се употребуваат, односно тестаторите ќе бидат задолжени да спроведат учениците да си ги остават мобилните телефони на соодветно место во просторијата, каде што ќе се полага – изјави Јаневска.

Таа повика на свесност кај учениците, родителите и наставниците и да не се дозволи препишување на државната матура, бидејќи се прави штета, а не добро.

– Нашето образование е на ниско ниво, па и со лош квалитет и ние тоа треба да го подобриме. Иднината на Македонија е во умните глави, кои ги има, само треба да ги мотивираме да почнат што е можно повеќе да работат на себе. Затоа што утре нивната иднина зависи од нив самите – вели Јаневска.

Прашана за електронските индекси за студентите, Јаневска со одговор дека штипскиот Универзитетот „Гоце Делчев“ веќе го има завршено овој процес, на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје одредени Факултети имаат и постапката е во тек, за да се заврши овој процес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот