Фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA

Во Сирија ќе се изгради црква копија на Света Софија во Истанбул

Православна христијанска црква е предвидено да се изгради во реонот на сирискиот град Хама во која ќе се богослужи за христијани во државата и од странство, објави турскиот весник Сабах, кој се повикува на либански медиуми.

Според нив, новата црква ќе биде копија на Света Софија во Истанбул, која пред неколку дена е претворена во џамија од страна на турската Влада.

Идејата првично била на Николас Балбаки, кој е владика во Грчката православна црква во градот Хама во Сирија каде црквата има официјално претставништво.

Претходно проектот бил претставен на командата на руските вооружени сили кои се дислоцирани од Сирија.

Се тврди дека добил одобрение од руската страна.

Градбата е предвидено да биде во градот Сукајлебие, област Хама, населен претежно со православни христијани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот