Фото: Град Скопје

Во Шуто Оризари деновиве се чистат јавните површини, се санираат улици и се заловуваат улични кучиња

Градот Скопје заедно со градските јавни претпријатија и во координација со Општина Шуто Оризари од вчера ја спроведуваат големата пролетна работна акција на подрачјето на општина Шуто Оризари.

– Екипите координирано до крајот на неделава на терен ќе спроведуваат активности за машинско и рачно миење и метење на булеварите и на улиците, дезинфекција на контејнерите, собирање кабаст отпад, санирање на оштетувања на коловозите, обновување и поставување на сообраќајната сигнализација, садење нови садници и уредување на зеленилото, санации на пријавени дефекти и проблеми од граѓаните, заловување на бездомни кучиња и можности за нивно вдомување по нивен хуман третман, целосно чистење на атмосферските и фекалните линии, како и прочистување на дождовните сливници на булеварите и на градските улици – информираат од Град Скопје.

Градските власти објаснуваат и дека, во големата пролетна работна акција во Шуто Оризари на терен координирано ќе работат екипи на градските јавни претпријатија: „Комунална хигиена“, „Паркови и зеленило“, „Улици и патишта“, „Водовод и канализација“, „Дрисла“ и „Лајка“.

– Во рамките на оваа акција, ЈП „Комунална хигиена“ ќе изврши рачно и машинско метење и миење на булеварите и улиците, како и миење и дезинфекција на контејнерите и на нивните микролокации. Претпријатието и во оваа општина на неколку локации постави и специјални садови за кабаст отпад, каде што граѓаните ќе можат да го остават, по што тој бесплатно ќе биде подигнат и транспортиран на соодветна локација од ова градско претпријатие – додаваат од Град Скопје.

Во рамките на акцијата во оваа општина, теренските екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ ќе работат на уредување на зелените површини на повеќе локации низ општината Шуто Оризари. Според најавите, со акцијата ќе се изврши расчистување на теренот, косење на тревните површини, собирање на откос, како и кроење на грмушки. Од секторот дрвореди извршиле кастрење на 17 дрвја на улицата Македонско-косовка бригада врз основа на издадени Решенија од Град Скопје.

– Во оваа општина екипите на ЈП „Улици и патишта“ одговорни за одржување на сообраќајниците, како и за одржување на сообраќајната сигнализација, работат на улицата Индира Ганди. На оваа сообраќајница ќе се санираат ударните дупки, односно ќе се асфалтираат дупките по претходно машинско гребење на оштетувањата, ќе се санираат оштетените бекатон плочи на тротоарите и ќе се обновува вертикалната и хоризонтална сигнализација. Екипите одговорни за одржување на светлосната сигнализација вчера ги утврдуваа можните недостатоци на семафорите и во текот на неделата ќе ги санираат оштетувањата на светлосната сигнализација на семафоризираните крстосници во општина Шуто Оризари – велат од Градот.

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ во општина Шуто Оризари за време на акцијата ќе работи на улиците Македонско-косовска бригада, Идира Ганди и Нов живот. Од Град Скопје објаснуваат дека, екипите вчера на улицата Македонско- косовска бригада извршиле контрола на 30 шахти, рачно биле исчистени 20 шахти, 15 сливници, миење на канализациона линија од 180 метри со цистерна со вакуум 180м и прочистување на 300 метри со цистерна под притисок.

– Екипите на претпријатието на терен ќе вршат рачно чистење на сливници, на шахти (атмосферски и фекални) и миење со цистерна со вакуум и цистерна под притисок на атмосферските и на фекалните сливници и шахти. Заловувачките тимови на ЈП „Лајка“ ќе постапуваат на 6 клучни локации во општина Шуто Оризари, односно на три локации околу пазарот, кај објектот на општината и околу џамијата. Јавното претпријатие Дрисла во рамките на пролетната акција ќе го прима, складира и депонира комуналниот отпад, градежниот шут и другите видови отпад што ќе се собира на територијата на општина Шуто Оризари – објаснуваат оттаму.

Пролетната акција во општина Шуто Оризари почна вчера, 3 мај, и ќе трае се до 6 мај, а потоа екипите на јавните претпријатија ќе продолжат со работа во наредната општина што е планирана, каде што на терен ќе ги продолжат активностите на точно утврдени локации по примерот на општина Кисела Вода, Карпош, Аеродром, Гази Баба, Чаир, Бутел и општина Шуто Оризари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот