Марбург/ Фото: AMI IMAGES / Sciencephoto / Profimedia

Во Шпанија се појави сомнителен случај на Марбург

Шпанија го откри првиот сомнителен случај на на опасниот вирус Марбург, смртоносна заразна болест што доведе до карантин на повеќе од 200 луѓе во Екваторијална Гвинеја, соопштија здравствените власти во шпанскиот регион Валенсија.

Мажот (34), кој неодамна бил во Екваторијална Гвинеја, бил префрлен од приватна болница во одделот за изолација во болницата Ла Фе во Валенсија додека се вршат тестови, соопштија регионалните здравствени власти.

Тројцата здравствени работници кои го лекувале мажот превентивно биле изолирани.

Резултатите од тестовите, кои одредуваат дали пациентот има вирус, треба да бидат познати овој викенд, изјави портпаролот на шпанското Министерство за здравство.

Вирусот Марбург може да има стапка на смртност до 88 проценти, според Светската здравствена организација (СЗО). Нема одобрени вакцини или антивирусни третмани за негово лекување.

На 13 февруари, Екваторијална Гвинеја стави во карантин повеќе од 200 луѓе и го ограничи движењето во провинцијата Ки-Нтем, каде за прв пат беше откриена хеморагичната треска.

Според СЗО, малата централноафриканска нација досега пријавила девет смртни случаи, како и 16 сомнителни случаи на болеста, со симптоми како треска, замор, повраќање со крв и дијареа.

СЗО соопшти дека го засилува епидемиолошкиот надзор во Екваторијална Гвинеја.

Камерунските власти открија два сомнителни случаи на Марбуршка болест на 13 февруари во Оламзе, општина на границата со Екваторијална Гвинеја, соопшти денеска јавната здравствена служба во регионот.

Камерун го ограничи движењето долж границата за да избегне инфекција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот