
Во септември издадени 296 одобренија за градење
Регистарот на цени и закупнини во третиот квартал брои 7.491 трансакција, од кои 5.525 купопродажби на недвижности и 1.966 закупи на недвижен имот.
Препорачано
Во споредба со истиот квартал минатата година, незначително намалување има во бројот на купопродажби, додека пак, за пет отсто е намален бројот на закупи според последните податоци на Агенцијата за катастар на недвижности.
-Регистистрираните купопродажби се во вредност од 237 милиони евра, при што повеќе од половина на оваа вредност е постигната со купопродажбата на 2115 станови со вредност од 128 милиони евра. Останатите купопродажби опфаќаат 644 куќи (40 милиони евра), 189 деловни простории (25 милиони евра). Исто така и 1 651 купопродажба на земјоделско земјиште, 15 милиони евра, 630 на градежно земјиште, 18 милиони евра, 178 гаражи, во вкупна вредност од два милиона евра, покажуваат податоците на Агенцијата за катастар на недвижности.
Продажбата на станови во третиот квартал со значителен пораст во однос на вториот, кога имало купопродажба на 1697 станови во вредност од 102 милиони евра.
Во третиот квартал од 2024 година најмногу купопродажби се регистрирани во септември, вкупно 1.923, додека во август се регистрирани најмалку купопродажби, 1.748.
Според Регистарот на АКН, во третиот квартал се регистрирани закупи во вредност од 797 илјади евра. Најмногу закупи се регистрирани во септември, 737, додека во август се регистрирани најмалку, 581.
Регистрирани се 743 закупи на стан, 689 на државни парцели, 259 на куќи, 174 на земјоделско земјиште, 46 на индустриски објекти, 28 на градежно земјиште, 17 закупи на гаражи.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември година, се издадени 296 одобренија за градење, што е за 9.2 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење 49,3 проценти се наменети за објекти од високоградба. Во извештајниот период е предвидена изградба на 755 станови, со вкупна корисна површина од 67 372 метри квадратни.