epa08786280 Men wear face masks in Sarajevo, Bosnia and Herzegovina, 30 October 2020. EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Во Сараево утре антивладин протест поради лошиот одговор на пандемијата

Група граѓани и активисти за утре најавија протести против политичарите во БиХ, кои ги сметаат за одговорни за доцнењето со набавката на вакцините против коронавирусот.

Како што е наведено, граѓаните се повикани утре, на денот на градот Сараево, да се бранат заедно од оние кои „безочно си играат” со нивните животи. Тие бараат неотповиклива оставка од Советот на министри на БиХ и од Владата на Федерацијата БиХ.

– За сите што ќе користат како аргумент дека со тоа би настанал хаос и институции без лидерство, нашиот одговор е дека институциите се веќе без лидерство и дека живееме во хаос во кој умираат во просек по 50 наши сограѓани секој ден, а тие покажаа и докажаа дека не се способни и не можат да се справат со пандемијата, велат организаторите на протестот.

Списокот на нивните барања, како што објавија сараевските медиуми, вклучува назначување нов состав на Советот на министри на БиХ и Владата на Федерацијата на БиХ, на кои им беа дадени две недели да излезат со јасен и реален план за управување со кризи и борба против пандемијата,и итно воведување на ПЦР-тестови за сите што влегуваат во БиХ.

Во исто време, Граѓанската иницијатива за БиХ објави целосна блокада на Сараево, доколку проблемот со Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево (КЦУС) не биде решен до вторник, 6 април.

Граѓанската иницијатива наведе дека фактот што раководството на КЦУС не дозволува никој да влезе во болницата, „алудира дека нешто да се крие”.

– В понеделник, 5 април, оваа група граѓани ќе поднесе кривична пријава до Обвинителството на кантонот Сараево против раководството на КЦУС, потпишана од повеќе од 3 000 граѓани, соопшти претходно Граѓанската иницијатива за БиХ.

Тие најавија дека ќе побараат од владите на Федерацијата БиХ и Сараевскиот кантон да ја преземат контролата над Клиничкиот центар во Сараево, со цел „да се запре криминалот во таа институција, што резултираше со десетици смртни случаи, чии животи, судејќи според признанија на вработени во Клиничкиот центар, можеле да бидат спасени “.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот