Уапсените зизијанци Џек ЛаСота (34) и 33-годишната Мишел Зајко/Фото: Икс

Во САД уапсен трансродовиот водач на сектата Зизијанци осомничен за пет убиства

Државните власти на Мериленд го објавија апсењето на наводниот водач на сектата Зизијанци, Џек Ласота (34), како и на 33-годишната Мишел Зајко од Пенсилванија. Двајцата уапсени се товарат за нелегален влез во државата, попречување на правдата и поседување оружје во возило.

Апсењето се случи во неделата, а рочиштето за кауција е закажано во вторник во 11 часот во Окружниот суд Алегани.

Групата Зизијанци (Zizians), како што објави Гардијан, е поврзана со убиството на американскиот граничар Дејвид Малард во јануари во близина на канадската граница, како и со уште пет убиства што се случија во Вермонт, Пенсилванија и Калифорнија.

44-годишниот Маланд беше убиен на 20 јануари во престрелка за време на сообраќаен прекин во градот Ковентри, на околу 32 километри од канадската граница. Овој трагичен настан беше почетна точка за поширока истрага која ги откри активностите на групата.

Идеолошката заднина на сектата

Групата Зизијанци се чини дека е составена од млади, интелигентни компјутерски научници, главно луѓе на возраст од 20 до 30 години, кои се среќавале преку Интернет, споделувале анархистички верувања и ескалирале во насилни акти. Нивните пишувања покриваат различни теми, од радикално веганство преку родов идентитет до вештачка интелигенција.

Наводната лидерка на групата, која себеси се нарекува „Зиз“ и ги користи заменките таа/неа, е позната по своите екстремни објави на интернет. Во блогот што го води,  ја опишува теоријата дека двете хемисфери на мозокот можат да имаат различни вредности и полови и дека „често сакаат да се уништат една со друга“.

Ласота, која се идентификува како трансродова жена, во своите дела изрази силно непријателство кон различни групи, како оние кои се фокусираат на разбирање на човечкиот ум преку логика и наука, а некои се загрижени за опасностите од вештачката интелигенција.

Неговиот адвокат Даниел МекГаригл одби да коментира дали тој е вмешан во убиствата.

„Можам само да потврдам дека легално ја застапував“, рече МекГаригл, без да го спомене апсењето или други детали од случајот. Ласота веќе имаше отворени налози за апсење во две држави, откако не се појави во претходните судски постапки.

Властите ја продолжуваат истрагата, ги испитуваат мотивите на групата и околностите под кои е организирана нивната убиствена акција.

Временската рамка на дејствување на зизијанците

Развојот на сектата кој ескалираше со серија убиства, својата кулминација ја достигна на 20-ти јануари во која беше убиен офицер на граничната патрола во Вермонт што доведе до апсењата.

Агенцијата Асошиетед прес врз основа на преглед на полициски извештаи, судски записи и објави на интернет ја објави временската рамка и дејствата на сектата. Почетоците се во 2016 година, кога Џек Ласота, кој користи женски заменки, компјутерски програмер и трансродова жена што живее во заливот Сан Франциско, почнува да пишува блог под онлајн личноста „Зиз“ со сложени, а понекогаш и апстрактни теории за технологијата и родовиот идентитет.  Тој учествува во рационалистичкото движење, заедница која се обидува да го разбере човековото сознание и е загрижен за потенцијалните опасности од вештачката интелигенција.

Во 2018  година Ласота присуствува на програми организирани од рационалистички групи, но се одвојува од нив откако тие ја отфрлаат неговата теорија дека двете хемисфери на мозокот можат да имаат посебни вредности и полови.

Во ноември 2019 Ласота и уште три лица – Ема Борханијан, Гвен Даниелсон и Александар Литам – се уапсени за време на протестот, како што го опишаа, против сексуалниот напад.

Во август 2022 година американската крајбрежна стража одговара на извештајот дека Ласота паднал од брод во заливот Сан Франциско. Не е пронајдено тело, но објавен е некролог.

Во ноември 2022  Кертис Линд оди на суд за да ги исели Ласота, Борханијан, Литам и другите кои живееле во камиони и приколки на неговиот имот во Валехо, Калифорнија, поради неплаќање кирија. На 15 ноември, два дена пред крајниот рок за иселување, Линд е врзан и делумно заслепен во напад при кој пука и го убива Борханијан. Заклучувајќи дека Линд дејствувал во самоодбрана, властите ги обвинуваат Литам и Сури Дао за убиство. Ласота не се соочува со обвиненија, но полицијата вели дека го контактирала на местото на злосторството.

Во декември 2022 година, Рита и Ричард Зајко се застрелани и убиени во нивниот дом во Честер Хајтс, Пенсилванија, на новогодишната ноќ. Камерата со ѕвонче на соседот снима аудио и видео од автомобил кој се приближува до нивната куќа, а гласот вика „Мамо!“. Друг глас извикува: „Боже мој! О, Боже мој, Боже мој!“.

Во јануари 2023 година, полицијата ја испрашува ќерката на Зајко, Мишел, во нејзиниот дом во Вермонт. Неколку недели подоцна, полицијата накратко ја уапсила во хотел во Пенсилванија, но ја ослободила без обвинение. Ласота, кој престојувал во истиот хотел, е уапсен и обвинет за попречување на истрага за убиство и непристојно однесување.

Во мај 2024 година родителите на Тереза ​​Јангблад пријавиле дека исчезнала во Сиетл, откако таа ѝ праќала е-пошта на мајка си во која пишува дека се преселила кај пријателка и го сменила телефонскиот број. Во ноември истата година Јангблут и Максимилијан Снајдер аплицираат за дозвола за брак во државата Вашингтон. Исто така овој месец, Јангблут започнува да изнајмува стан во близина на домот на Баукхолт во Северна Каролина.

На 14 јануари годинава Јангблад и Баукхолт се пријавуваат во хотел во Линдонвил, Вермонт. Инспекторите ги ставија двајцата под надзор откако вработен во хотелот изрази загриженост за нивната целосно црна тактичка облека и пиштолот што го носеше Јангблут.

На 17 јануари е убиен Линд, сопственикот на плацот во Калифорнија каде што живеела групата без да плаќа кирија. Снајдер е обвинет за убиство, а обвинителите тврдат дека тој се обидувал да го спречи Линд да сведочи против претходните напаѓачи.

На 20 јануари, агентите на американската гранична патрола ги запираат Јангблут и Баукхолт на автопатот 91 во Ковентри, Вермонт. Агентот Дејвид Маланд и Букхолт се убиени во престрелка. Јангблут, кој е повреден, се товари за поседување оружје.

Во февруари 2025 година ФБИ го истражува имотот во Чапел Хил, каде што како што рече сопственикот на куќата, Јангблут, Букхолт и Ласота престојувале порано оваа зима.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот