Фото: Твитер

Во Русија пронајден дијамант од 190 карати: Надлежните се сомневаат дека е стар две милијарди години

Според анализите на експертите, висококвалитетниот скапоцен камен, кој е ископан на 25 декември, најверојатно се создал пред две милијарди години, но понатамошните испитувања ќе ја утврдат неговата точна старост.

Во руската федерална единица Јакутија е пронајден огромен дијамант од 190,77 карати, објавија од Алросa, водечкиот светски производител на дијаманти, а пренесе српски „Курир“.

Според анализите на експертите, висококвалитетниот скапоцен камен, кој е ископан на 25 декември, најверојатно се создал пред две милијарди години, но понатамошните испитувања ќе ја утврдат неговата точна старост.

– Откривањето на дијамантот непосредно пред Нова Година е вистински подарок – изјави Јевгениј Агурев, заменик на генералниот директор на Алросa.

Тој додаде дека природата оваа година била многу дарежлива, со извонредни изненадувања како дијаманти во облик на срце, кој компанијата го открила еден ден пред Денот на вљубените.

Сега, огромниот дијамант е испратен на детални анализи и прелиминарно вреднување.

Претходно оваа година, во еден руски рудник за дијаманти е откриен скапоцен камен кој сега е наречен Бабушка, бидејќи потсеќа на традициоанлната руска кукла. Се верува дека овој дијамант, кој е стар 800 милиони години, е непроценлив и единствен на целиот свет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот