Фото: Pixabay

Во Пула отворен првиот „драјв ин“ за перење чамци, услугата се наплаќа 400 евра

Меѓу интересните примери за претприемништво е и оној во Пула, каде што сопствениците отвориле сервис за миење чамци – бизнис кој се покажал како вистински хит на брегот и им носи голем профит, пренесува Пословни дневник. Оваа станица е единствена од ваков вид на целиот Медитеран. Овој модерен систем не е само практичен, туку и еколошки, со што се обезбедува зачувување на животната средина и заштедувајќи им на сопствениците на бродовите пари и скапоцено време.

„Сè работи автоматски, како обична пералница за автомобили. Доволно е едно поминување со четка за да се отстранат сите алги, а со правилно одржување на бродот, трупот секогаш ќе биде чист, без наслаги од школки или други морски организми“, објаснуваат тие во видеото кое го прикажува овој иновативен систем. Она што претходно бараше неколкудневна интензивна работа во традиционалните пералници, сега е завршено за само половина час.

Сопствениците на чамци повеќе не треба да го влечат својот брод на брегот за темелно да го исчистат, што порано беше доста макотрпна работа. Сега сето ова можат да го направам на многу поедноставен начин, а цената на ова практично решение е околу 400 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот