Средношколци / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Во првиот уписен рок во средните стручни училишта двојно повеќе запишани отколку во гимназиите

Задоволна сум што и годинава се полнат средните стручни училишта, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска откако по првото пријавување во јуни над двојно повеќе ученици се запишале во стручни училишта (9469) отколку во гимназиите (4243).

Се чекаат резултатите од второто јунско електронско пријавување што беше спроведено вчера и денеска кандидатите ги носат документите во училиштата каде што аплицирале. На крајот на денов ќе бидат соопштени резултатите од рангирањето.

Прашана за интересот, таа рече дека пријавувања има за „скопските познати гимназии“, а во една од нив веројатно ќе има и квалификациско тестирање кое според конкурсните рокови треба да се организира на 4 јули. Квалификациско тестирање или т..н приемен испит се спроведува доколку има повеќе ученици со исти бодови од успехот отколку предвидените слободни места.

-Таков е законот, такви се правилата и така и ќе постапуваме. Не гледам причина што било во овој правец да се менува. Добро е јавноста да знае, и учениците, и родителите, и наставниците – дека во еден одреден момент на животот ќе се провери знаењето на децата. Ова е еден од стимулите да знаат дека ако сакаат да учат таму каде што сакаат и да ги исполнуваат своите соништа, треба да учат во младоста, а потоа и на своето работно место, изјави Јаневска одговарајќи на новинарски прашања на настан во Македонската банкарска асоцијација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот