Полициска лента / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Во престрелка со полицијата во тетовско Гајре, застрелан осомничен за убиство

Во престрелка во тетовското село Гајре, осомничен во истрага за убиство којшто бил баран со потерница отворил оган кон полиција.

Како што објави телевизија Телма, при обидот полицијата да го уапси осомничениот, тој пукал, а во престрелката бил ранет. Застреланиот починал на пат кон болница.

Се работи за лице за кое е распишана потерница по убиството на 5-ти јули, кога во Тетово беше убиен 40-годишен маж. Полицијата се сомневала дека зад убиството стои бегалецот кој беше застрелан кај Гајре.

Според МВР, на 5-ти јули во 20.35ч. во СВР Тетово е пријавено дека на ул.„Штипска“ едно лице кое било со возило „Мерцедес“ пукало кон возило „БМВ“, во кое било лицето со иницијали Р.Т., кое од добиените повреди починало.

Повеќе медиуми на албански јазик тогаш објавија дека станува збор за продолжение на стара пресметка меѓу две групи и дека убиството на 5-ти јули е поврзано со пукањето во тетовската болница пред неколку месеци, кога исто така имаше настрадани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот