Фото: Принтскрин / Фејсбук

Во пожарот во Кочани загина и Сара Пројковска, професорка на ФМУ и придружен вокал на бендот „ДНК“

Сара Пројковска, професорка на Факултетот за музичка уметност и придружен вокал на „ДНК“, трагично го загуби животот во пожарот кој избувна во дискотеката во Кочани за време на настапот на бендот.

Веста за трагичната смрт на Сара Пројковска ја објави Факултетот за музичка уметност на официјалниот фејсбук-профил.

„Со длабока жалост и неверица ве известуваме дека нашата колешка,
вонр.проф.м-р Сара Пројковска, го загуби животот во невидената трагедија во Кочани.
Нашата Сара, полна со љубов, живот и музика,
лавица и добрица…“, пишува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!