Запалена кола во Капиштец - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Запалена кола во Капиштец - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Во пожарот кај „Зебра“ изгореа четири автомобили

Во пожарот што синоќа избувна во близина на трговскиот центар „Зебра“ во Капиштец опожарени се четири автомобили.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, прво било опожарено службено возило „фиат“, а потоа изгореле и возилата „шевролет авео“ со охридски регистарски таблици, сопственост на М.И. (21) од Охрид, „фиат пунто“ со скопски регистарски таблици, сопственост на Е.Т. (20) од Скопје и „сузуки“ со скопски регистарски таблици, сопственост на С.М. (54) од Скопје.

ФОТО+ВИДЕО | Пожар кај „Зебра“, изгоре автомобил

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денот, соопшти МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот