Instagram

Необичен феномен: Во овој град во Црна Гора, сонцето изгрева и заоѓа двапати на ден!

Туристите се вчудоневидени кога за прв пат ќе го видат овој необичен феномен.

Во Црна Гора постои едно место, во кое може да се ужива во две изгрејсонца и две зајдисонца. Тоа место се вика Шавник, а го нарекуваат Град на две сонца, пишува putnikofer.hr.

Како и кога? Ова се прашањата што се појавуваат сами по себе, иако одговорот е многу едноставен.

Instagram

Можно е да се биде сведок на необичниот феномен во деновите околу рамноденицата, а позицијата на местото, односно планините што го опкружуваат, е „виновна“ за тоа.

Шавник се наоѓа на истокот од Црна Гора, во планинска област, на околу 800 метри надморска височина, на вливот на три реки, Буковица, Бијела и Шавник.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Art365 (@art365nvo)

Областа е позната по својата навистина прекрасна природа, а необичниот „феномен“ само ја зголемува нејзината убавина.

Според голем број извори, сонцето во Шавник изгрева за прв пат зад ридот Кравица, а потоа, според некои извори, малку по пладнето, а според други, повторно „заоѓа“ зад ридот Градац околу 14 часот.

Еден час подоцна, сонцето повторно „изгрева“ во кањонот Буковица, додека на крајот од денот повторно заоѓа, по втор пат, зад планината Војник.

На создавањето на Шавник му претходела изградбата на воденици, а првите куќи почнале да никнуваат во втората половина на 19 век.

Особено се истакнува и кањонот Невидио, кој е откриен дури во 1965 година поради непристапноста на таа област. Се смета за последен откриен кањон во Европа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DiscoverMNE (@discovermne.me)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот