Фото: Ivan Radic / Flickr

Во оваа облека не треба да седнете зад воланот, а во некои европски земји ризикувате и казна поголема од 5.000 евра

Во некои европски земји би можеле да бидете казнети поради носење несоодветна облека додека возите.

На пример, во Велика Британија ризикувате казна од 100 фунти (116 евра) ако носите несоодветна облека што ве ограничува во правилното маневрирање. Ако во таква облека направите сообраќаен прекршок што ќе заврши на суд, казната може да достигне до 5.000 фунти (5.800 евра) и забрана за возење, пишува „Кар мани“ (CarMoney).

Тоа е затоа што членот 97 од Законот за патен сообраќај на Велика Британија вели дека „облеката и обувките што ги избирате додека возите не смеат да ве спречат да ги користите контролите на правилен начин“.

Значи, постојат седум вообичаени парчиња облека што многумина ги носат додека возат, а кои всушност, може да ве изложат на ризик да го прекршите законот и да бидете казнети.

1. Долго здолниште или фустан

Макси фустаните и здолништа се во мода, но кога станува збор за носење ваков тип на облека додека возите, може да се соочите со парична казна. Материјалот може да се заглави под педалите или да ја ограничи вашата употреба на педалите, што може да биде опасно.

2. Многу широки фармерки

Од истата причина како и погоре, ако фармерките ви се премногу широки, веројатно нема да бидат соодветни за возење, што значи дека може да бидете казнети.

3. Апостолки/Кломпи

Илјадници возачи секоја година седнуваат зад воланот со апостолки или кломпи, но колку се тие безбедни? Чевлите со тенок ѓон, со дебелина помала од 10 мм, се класифицирани како небезбедни за возење. Запомнете, апостолките се за на плажа, а не за возачкото седиште.

4. Високи потпетици

Вашите обувки не треба да го ограничуваат движењето на глуждот. Аластер Гриер, директор на CarMoney, вели: „Ако планирате да возите некаде каде што има код за облекување, ви препорачуваме да понесете разумни чевли за возење“.

Според RAC, 40 отсто од жените признале дека возат со обувки со високи потпетици. Иако изгледаат модерно, високите потпетици едноставно не се практични за педали.

5. Влечки

Ако вашите влечки се отворени, голема е веројатноста дека нема да бидат безбедни за возење бидејќи стапалата веројатно ќе ви се лизгаат додека ги користите педалите.

– Ако вашите чевли не обезбедуваат доволно притискање за да го спречат вашето стапало да се лизне од педалите, тогаш тие се класифицирани како небезбедни – додал Аластер.

Носењето влечки надвор од дома во секој случај е под знак прашалник, па најдобро е да ги чувате таму.

6. Големи чизми

Иако на прв поглед би изгледале добро, сите обожаватели на гломазни или на чизми со дебел ѓон треба да размислат за возење во нив.

– Обувките за возење треба да бидат доволно тесни за да не можат случајно да ги допрат двете педали одеднаш – рекол Аластер.

7. Очила за сонце

Во зависност од стаклата на вашите очила за сонце, тие всушност може да бидат премногу темни за безбедно возење, наведува АА. На вашиот периферен вид може да влијае и носењето очила за сонце додека возите, бидејќи рамките го блокираат вашиот вид.

Штитниците за сонце се измислени токму со цел да ви овозможат јасен поглед на патот во сончев ден, па затоа е најдобро да ги користите кога тоа е потребно.

Совети што треба да ги запомните за да останете безбедни се следните:

– Секогаш имајте при рака практичен пар чевли за да можете безбедно да возите.

– Имајте резервна облека ако вашата моментална облека спаѓа во некоја од овие седум категории.

– Користете го вашиот здрав разум: ако она што го носите ви го прави возењето непријатно, тоа е веројатно знак дека треба да се преоблечете во нешто попрактично.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!