Фото: Општина Гази Баба

Во ОУ „Његош“ се обновува спортската сала и подовите во училиштето

Во основното училиште „Његош“ во општина Гази Баба во тек се градежни активности за подобрување на условите за образование и воспитание на учениците. Во училиштето се врши комплетна реконструкција на спортската сала, а се работи и на санирање на ѕидовите и подовите низ целиот училишен објект, со што ќе се подобри целокупната училишна инфраструктура.

Градежно-занаетчиските активности ги реализираме токму во летниот период, со цел учениците да ги пречекаме во подобри услови на почетокот на новата учебна година. Образованието е темелот на секое општество. Како Општина, постојано вложуваме во подобрување на образовната инфраструктура, затоа што веруваме дека секое дете заслужува пристап до квалитетно образование во соодветна средина.  Покрај ООУ „Његош“, вакви активности се спроведуваат и во други училишта низ општина Гази Баба, бидејќи иднината на нашата заедница се гради токму преку вложување во нашите најмали, информира градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот