Фото: EPA-EFE/PETER FOLEY

Во Њујорк задолжителна вакцинација за студентите

Студентите на Државниот универзитет во Њујорк (СУНУ) и Градскиот универзитет во Њујорк (ЦУНУ) ќе бидат обврзни да се вакцинираат протов Ковид-19 доколку планираат да посетуваат настава оваа есен, соопшти гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо.

Студентите на Државниот универзитет во Њујорк (СУНУ) и Градскиот универзитет во Њујорк (ЦУНУ) ќе бидат обврзни да се вакцинираат протов Ковид-19 доколку планираат да посетуваат настава оваа есен, соопшти гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо.

Барањето, кое ги опфаќа над 435.000 редовни студенти, се случува во момент кога Куомо и други официјални претставници нудат голем број можности, со цел да ги поттикнат луѓето да се имунизираат, бидејќи е забележано намалување на побарувачката за вакцини.

– Веќе нема изговори. Одборите на СУНУ и ЦУНУ ќе бараат задолжитено вакцинирање за сите студенти кои на есен ќе се вратат на факултетите, истакна Куомо.

Гувернерот, кој има конечна власт над метроата во Њујорк, исто така, најави дека патниците ќе добијат бесплатни седумдневни пропусници за системот за вакцинација на пунктови на станиците, каде ќе се даваат вакцини на производителот Џонсон и Џонсон, почнувајќи од утре.

Приградските железнички служби, Лонг ајленд рејлроуд и Метро норт, ќе понудат две системски еднонасочни карти за патниците кои ќе примат вакцина на нивните станици.

– Размислете за ова. Секако влегувате во метро станиците. Минувате покрај местата за вакцинација. Тоа е еднократна вакцинација. Застанете, одвоите неколку минути и примите вакцина, додаде Куомо.

Куомо, кој минатата недела најави договор за купување билети со Јенкис и Метс, двата главни бејзбол клуба во Њујорк, рече дека половина од билетите за претстојниот плејоф натпревар на Националната хокејска лига во Њујорк ќе бидат резервирани за вакцинираните навивачи. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот