Во нападот во Њу Орлеанс убиен е синот на поранешната дадилка на принцовите Вилијам и Хари

Британската полиција соопшти дека меѓу жртвите на новогодишниот напад во Њу Орлеанс е и Британецот Едвард Петифер,(31) од Лондон, чија маќеа била дадилка на принцот Вилијам и принцот Хари. Тој беше меѓу 14-те лица убиени од американскиот воен ветеран лојален на Исламската држава, кој со својот камион влета во толпата која ја славеше новогодишната ноќ.

-Целото семејство е уништено од трагичната вест за смртта на Ед во Њу Орлеанс –  соопшти неговото семејство, според соопштението на лондонската полиција. Извор од кралското семејство рече дека кралот Чарлс бил длабоко тажен поради смртта на Петифер и дека бил во контакт со неговото семејство за да му изрази лично сочувство.

Таткото на Петифер, Чарлс, поранешен британски офицер, се ожени со Тиги Лег-Бурк во 1999 година, набргу откако таа престана да биде дадилка на Вилијам и Хари. Семејството остана блиско со британското кралско семејство, а полубратот на Петифер беше кум на свадбата на принцот Вилијам во 2011 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот